Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кина ја блокира Википедија на сите јазици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
vikipedija

Властите во Кина ја блокираа „Википедија“, објави сопственикот на оваа онлајн енциклопедија. Фондацијата „Викимедија“ во април откри дека „Википедија“ веќе не е достапна во Кина.

— реклама —

Истражувачите на интернет цензурата посочуваат дека бесплатната интернет енциклопедија е последна од илјадниците други веб-страници до кои не може да се пристапи од Кина.

Земјата претходно ја имаше блокирано кинеската јазична верзија на Википедија, но блокадата сега е проширена на сите останати јазици.

— реклама —

Од Викимедија соопштиле дека не добиле никакво известување за ваквиот потег.

— реклама —

„Ви април, фондацијата Викимедија утврди дека Википедија повеќе не е достапна во Кина. Откако детално ги анализиравме нашите внатрешни извештаи за сообраќајот, можеме да потврдиме дека Википедија во моментов е блокирана на сите јазични верзии“, велат од фондацијата.

Во 2017 година страницата била блокирана во Турција, а оваа година таква блокада има направено и Венецуела.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања