Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција, примил поткуп од 324 милиони долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
kina-policija

Поранешен висок локален функционер во Кина е осуден на смрт откако судот го прогласи за виновен за корупција, злоупотреба на службената положба, перење пари и други кривични дела, соопштија кинеските власти.

— реклама —

Според пресудата на Народниот суд во Чангџоу, во покраината Џангсу, Јанг Јулин незаконски примил пари и имот во вредност поголема од 324 милиони американски долари додека извршувал различни државни функции во периодот од 1993 до 2023 година.

Во соопштението на судот се наведува дека Јанг на судењето ја признал вината и изразил каење за сторените дела.

— реклама —

Пресудата е донесена во рамки на долгогодишната антикорупциска кампања што ја спроведува кинескиот претседател Си Џинпинг, во која досега биле опфатени милиони вработени во државниот апарат.

— реклама —

Во последните години, кинеските судови изрекуваат смртни казни во најтешките случаи на корупција, особено кога незаконски стекнатата имотна корист надминува околу 147 милиони американски долари.

Минатата година беше егзекутиран Ли Џијанпинг, поранешен функционер од Внатрешна Монголија, кој беше осуден во случај поврзан со корупција вредна повеќе од 440 милиони долари.

Во друг познат случај, функционерот Жанг Џонгшенг во 2018 година беше осуден на смрт поради примање поткуп во вредност поголема од 147 милиони долари, но по жалбената постапка казната во 2021 година му беше преиначена во условна смртна казна, која подоцна беше заменета со доживотен затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 1 ден

— реклама —
media-librarye7nhaeo7c3nfeJcyUBe

(Видео) Пловечки мост во Кина долг 500 метри се наоѓа на само неколку сантиметри над водата

Вирално | пред 3 дена

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Кина ја засилува употребата на арктичкиот коридор: Испораките до Европа се скратуваат до 25 дена

Свет | пред 4 дена

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања