Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Кинези фатени во автомобили кај гевгеличани - едни биле превезувани, други се криеле во паркиран „фолксваген“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
migranti_kola

На 03.01.2024 во просториите на Одделениете за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија бил извршен службен разговор со А.Н.(33) од Скопје и Д.Т.(31) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Околу 11.10 часот на регионалниот пат 1102, во правец Смоквица – Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кои се превезувале лица мигранти.

Во Гевгелија било пронајдено возилото „ауди“ и во него биле затекнати двете лица, по што била извршена контрола во дворното место на Д.Т., каде што било пронајдено возилото „мерцедес“ со пет лица мигранти од Кина во него. Во дворот на Д.Т., исто така, било пронајдено и патничко возило „фолксваген пасат“ со регистарски таблички од друго возило. Мигрантите и возилата биле сместени во прифатно – транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања