Кирацоски за „Рекет“ предлага: Да се повика секој, кој има макар и една слика со било кој од обвинетите и да се расчисти дилемите во јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Фејсбук статус на Александар Кирацовски за „Рекет“. Еве што напиша Кирацовски:

— реклама —

Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно.

Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното.

— реклама —

Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите.

Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.

Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој, кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.

Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи.

Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време.

Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем, напиша Кирацовски ма ФБ.

https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1207068269491922

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања