Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Кирацовски: Божиќниот дух на добри дела, мир и спокој нека владее во годината што доаѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски  по повод големиот празник Рождество Христово Божиќ во свое, и во име на СДСМ, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар.

— реклама —

„До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Рождество Христово Божиќ, упатувам срдечни честитки со искрена желба за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови кои следат.

— реклама —

Прославувајќи го Христовото раѓање, го славиме животот, љубовта, мирот меѓу  луѓето, толеранцијата, солидарноста,  меѓусебното помагање и почитување.

Во годината што доаѓа уште попосветено да ги негуваме овие универзални човекови вредности, затоа што тие се предуслов за спокоен живот на сите граѓани во Република Македонија.

— реклама —

Нека божиќниот дух на добра мисла, добри дела и топлина владее не само овој ден, туку преку целата година.

— реклама —

Нека ви е честит големиот празник Рождество Христово Божиќ“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања