Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Кирацовски: Големото дело на Климент Охридски е особено важно за развојот на писменоста, литературата и цивилизациските вредности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

По повод празникот Свети Климент Охридски, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски упати честитка до православните верници во Република Македонија, до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан, и до членовите на Синодот.

— реклама —

„Почитувани, во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви го честитам 8-ми Декември, големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.

— реклама —

Празнувајќи го денешениот ден, му оддаваме почит на основачот на првата Охридска книжевна школа, родоначелник  на словенската литература, првиот словенски епископ и втемелувач на Охридската архиепископија – Св. Климент Охридски.

— реклама —

Благодарение на овој голем човек кој целиот свој живот го посветил на описменувањето, на македонската и сесловенската литература, денеска сме горди на кирилицата и секоја буква што ја пишуваме треба да не потсетува на важноста која неговото дело ја има за нас.

Делото на Климент Охридски е особено важно за развој на врвните цивилизациски вредности. Неговиот труд и искрената посветеност се пример за дело кое останало во трајно наследство на генерациите што доаѓаат. Да го следиме Свети Климент и неговото дело кое е огромно и значајно, и на тој начин да изградиме праведно општество втемелено на вистински вредности.

Почитувани сограѓани, нека ни е честит големиот празник – 8-ми Декември, Свети Климент Охридски“.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања