Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Кирацовски: Нема да му дозволам на Џафери, да си игра мајтап во Парламентот, Џафери му врати Ха ха ха, јас немам Фејсбук

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Slika-Kiracovski-25-01

Џафери наместо да бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот тех. Премиер за разрешување на министерката за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот, напиша пратеникот Александар Кирацовски на социјлната мрежа ФБ.

— реклама —

Во продолжение на статусот од Кирацовски се вели:

-За нивото кое денес го покажа Талат Џафери, не ме личи да зборувам, сам за себе доволно кажа со одговорот на моето барање за закажување седница за разрешување на министерката Мизрахи.

— реклама —

Но она за што гласно ќе зборувам е манипулацијата која Џафери ја изврши врз пратениците пред околу година дена на седницата закажана за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, намерно пречекорувајќи го рокот на истата, по што Велјановски неоправдано го ужива имунитетот до денешен ден.

Нема да му дозволам на Џафери, уште еден обид за играње мајтап во Парламентот.

И уште еднаш јасно напоменувам, на пратениците им е смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историски успеси и државни постигања, повторно да бидат "топовско месо", напиша Кирацовски на ФБ.

На ова Џафери за Плусинфо вели:

Во меѓувреме, споед плусинфо, неофицијално, неизвесно е дали Џафери ќе закаже седница за разрешување на министерката за труд. Според информации од Собранието, доколку се оди на разрешување на Мизрахи можно е да се искомплицира целиот изборен процес. Објаснувањата се дека Мизрахи е министерка во техничката влада која произлегува од Пржинскиот договор зад кој стојат меѓународни гаранции. Доколку Мизрахи биде разрешена, се наметнува дилемата дека некоја од партиите во случајов ВМРО-ДПМНЕ доколку не и одговара изборниот резултат, да ги оспори парламентарните избори. Односно толкувањето е дека разрешувањето на министерката од техничката влада може да предизвика сериозни политички турболенции и да има импликации врз целиот изборен процес. Особено што сега ни требаат беспрекорно одржани избори, без трошка сомнеж во процедурите и во резултатот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања