Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кирацовски : Овој голем празник поттикнува на сплотување околу солидарноста и заедништвото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kiracoski

Велигденска честитка на генералниот секретар Кирацовски. Во неа се вели:

— реклама —

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во чест на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ – ОА и до сите граѓани кои денеска празнуваат.

„Упатувам искрени и срдечни честитки до сите граѓани кои денеска го чествуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

— реклама —

Денешниот празник нека донесе спокој, радост, љубов и топлина во секој дом, во секое семејство и нека го зацврсти духот на заедништво кај сите граѓани.

Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови нека донесат лична и колективна благосостојба и нека бидат поттик за сплотување околу солидарноста и меѓусебната почит и разбирање.

Ви посакувам убави празнични денови.

Христос воскресна!

Навистина воскресна!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања