Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Кирацовски за „исчезнување“ од политиката: Повлеков чекор назад за да направам 3 чекори напред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kiracoski

Ниту бев сменет, ниту „изметен“, туку ми беше прифатена оставката дадена неколку денови после претседателските избори, кога всушност заедно со мене оставки поднесоа и сите членови на партиското раководство освен претседателот Зоран Заев, вели поранешниот генерален секретар на СДСМ Алекансадар Кирацовски, по повод текстот објавен во најновиот број на неделникот Фокус со наслов „Кирацовски исчезна, Манчевски замина, што ќе се случи со Зекири?“, во кој се анализираат одредени кадровски промени и внатрешни состојби во владејачката партија, објави ФОКУС.

На прашањето дали неговото „исчезнување“ од политиката е трајно или е само привремено, тој вели – повлеков чекор назад за да направам 3 чекори напред.

— реклама —

-Сега времето лека-полека ги разбива облаците од лаги и инсинуации истурени врз мене, а јас со многу поголемо искуство кон одредени состојби и личности ја кројам стратегијата за доброто на многу неоправдано „исчезнати“ херои во СДСМ, чии места сега се запоседнати од ликови кои до вчера беа како со папочна врвца припоени до режимот . Стратегија која се базира на вистинско лидерство и како флуид го поврзува чистиот супстрат на членството на СДСМ за доброто на партијата и во поддршка на претседателот Заев. Сепак, дали моето „исчезнување“ од политиката е трајно или е само привремено откорнат пиреј, е прашање на кое одговор ќе дадам лично јас! – вели Кирацовски.

— реклама —

Текстот во целост на: ФОКУС.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања