Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Кирил Ѓуровски: Во Македонија има огромна заинтересираност за изучување на рускиот јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kiril-ruski

Веќе трета година по ред Рускиот центар при УКИМ организира бесплатни курсеви по руски јазик, а во срединта на јуни нивните посетители ги добија своите сертификати. По тој повод mk.rbth.com објави разговор со Кирил Ѓуровски, наставник во Рускиот центар, кој од самиот почеток е вклучен во наставата. Еве дел од разговорот.

Кон средината на јуни се одржа свеченото доделување на сертификатите на посетителите на бесплатните курсеви по руски јазик кои веќе три години ги организира Рускиот центар при УКИМ. Колку курсисти во овие три години се запишаа?

— реклама —

Кирил Ѓуровски: Во текот на изминатите три години Руски центар при УКИМ, со поддршка на Россотрудничество и Амбасадата на Руската Федерација, организираше бесплатни курсеви по руски јазик за сите заинтересирани, што како филантропска идеја е за поздрав бидејќи од искуството заклучив дека имало огромна заинтересираност за изучување на рускиот јазик, но заинтересираните немале можност за тоа. Од 2016 година, кога стартуваше огласот за бесплатно изучување на руски јазик искрено јас како предавач не очекував дека ке се пријават повеќе од 1.000 слушатели. Поради таа вртоглава бројка слушатели која за сите беше големо изненадување, потребно беше брзо да се реагира, да се најде модул како да се помине целиот материјал, а тоа да не влијае врз квалитетот, како и да се обезбеди доволно наставен кадар и простории, со цел во наставата да бидат вклучени сите заинтересирани. Им излеговме во пресрет на сите, а тоа резултираше со огромен успех, така што бројот на курсисти кои го положија испитот беше значително голем.

— реклама —

Бесплатните курсеви за изучување на руски јазик од минатата академска година се организира и во Охрид, каде, според информациите што ги имам, интересот е исто така голем.

— реклама —

Кирил Ѓуровски: Би сакал да се заблагодарам за огромната поддршка од страна на Федералната служба за меѓународна соработка на независните држави – Россотрудничество, за остварувањето на оваа филантропска идеја да стане реалност.

Раскажете ни нешто за самите курсеви. Какви рамништа постојат? Кој може да се запише на нив? Кој им предава на курсистите и колку временски трае едно ниво?

Кирил Ѓуровски: Курсевите се поделени во три рамништа (основно, средно и напредно), а секое рамниште е поделено во три нивоа. Има и многу слушатели со предзнаење, па пред поднесување на пријавите не се сигурни на кое рамниште и степен да се пријават. Тука е Рускиот центар кој секогаш им излегува во пресрет и ги тестира за да се направи точна анализа на нивното предзнаење, со цел да добијат јасна слика кое рамниште треба да го посетуваат.

На курсевите можат да се запишат сите оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик без никакви ограничувања.

Кирил Ѓуровски: Наставниците се од мешан, хетероген состав, специјалисти кои своето образование го стекнале во Македонија и специјализирале на престижните универзитети во Русија, а има и наставници кои се родени говорители на рускиот јазик. Сите заедно тежнееме кон тоа да ја постигнеме главната цел: нашите курсисти да го совладаат материјалот и да научат руски. Затоа и меѓусебно си помагаме, се советуваме, соработуваме.

 

Текстот во целост на: mk.rbth.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања