Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Кирил Лазаров: Вардар стана симбол дека е можно и тоа што другите велат дека не е можно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kire-lazarov

Најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите во светот, Кирил Лазаров во изјава за хрватските медиуми не ја криеше својата гордост по успехот кој го направи Вардар. Ова што го направија е неверојатно, рече Лазаров и додаде:

„Ова е бајка, настан за кој ќе се зборува уште многу години. Вардар стана симбол дека е можно и тоа што другите велат дека не е можно. Вардар стана инспирација за сите луѓе во светот, не само на спортистите, туку на сите аутсајдери, ги натера да сфатат дека во животот најважно е да веруваат, крваво да работат и да ги потрошат и последните капки крв и пот за да ги исполнат своите соништа. Тие момци седум-осум месеци немаа земено плата. Пред две години кога станаа европски прваци, беа финансиски моќни и тоа не беше големо изненадување. Но, тоа што се случи годинава е нешто поинакво. Во меѓувреме си заминаа неколку важни играчи, никој не им даваше шанси дека ќе избора фајнал-фор, а камоли да станат прваци“, изјави Лазаров.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања