Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Китановска: Се стремиме за влез во ЕУ, а ги немаме основните услови за непречено образување на нашите ученици во 21 век

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_3775

Далеку сме ние од сѐ и некако бавно се движиме по скалата нагоре за подобар живот, но сепак постои нешто што најмногу ме вознемирува а верувам и многу други граѓани а тоа е насоката по којашто се движат работите во нашето образование, вели Фросина Китановска, член на УК на Граѓанско Демократска Унија.

— реклама —

„Иако сме при крај на првото полугодие, секојдневно медиумите Министерството за образование и наука го „тресат“ со по некој скандал.

— реклама —

Никој во државата не зборува на оваа тема, студентите заборавени и оставени на милост и немилост, без струја и вода, заразени училишта со шуга, ученичките домови оставени без храна, скратен бесплатен превоз а за учебници воопшто и да не зборуваме.

— реклама —

Сега ќе објаснам подетално на што мислам …

Вчера на медиумите се појави вест за прекинување на бесплатниот превоз на учениците од Велес, градоначалникот на Велес со своето мнозинство изгласале ваква одлука. Мислите ли дека ваквата одлука е корисна за нашите деца?!

За трагедијата во образованието да стане поголема, денес учениците во ученичкиот дом од Кавадарци останаа без храна.

Овде се поставува прашањето колку образованието ни е бесплатно т.е дали ова е цената што ја плаќаат нашите деца?!

За оваа Нова Година предлагам г. Адеми нашите ученици да ги изненади со новогодишни пакетчиња, односно со книги кои им се очајничко потребни.

Само се прашувам до кога ќе траат овие скандали во нашата држава и до кога секојдневно ќе се соочуваме со проблеми како што се затворање на училиштата поради немање вода, затворање на училишта поради шуга, греење итн.

Држава која се стреми за влез во ЕУ а ги нема основните услови за непречено образување на нашите ученици во 21 век само може да предизвика чудење во Европското семејство.

Децата во државите во Европа им се радуваат на иновациите во сферата од техниката и технологијата, додека нашите ги немаат основните средства- книгите.

Се остава впечаток дека правото и слободата, правото на избор на своето образование на нашите најмили во нашата држава не само што е занемарено туку и во голема мерка отежнато.

Ние од ГДУ како прогресивна конзервативна партија, веруваме дека сѐ може да има своја смисла но никако цената не треба да ја плаќаат нашите деца врз кои треба да ја темелиме нашата иднина.

Затоа г. Адеми ако не знаете како, ние од ГДУ можеме да ви помогнеме околу толку најавуваните реформи во образованието, само прашање е на волја, желба и многу работа“, вели Китановска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања