Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Китев ќе учествува на состанокот на Постојаниот комитет во Париз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
4609-Betian-Kitev

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Бетиан Китев ќе учествува на состанокот на Постојаниот комитет на 24 мај 2019 година во Париз. Во мај, според принципот на ротација, започнува француското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа кое ќе трае до ноември 2019 година.

— реклама —

Постојаниот комитет  делува во име на Парламентарното собрание меѓу одржувањето на редовните пленарни седници, а го сочинуваат претседателот и потпретседателите на Собранието, претседателите на политичките групи, претседателите на националните делегации и претседавачите на комисиите, односно околу 60 пратеници од 47 земји-членки Советот на Европа.

— реклама —

Состанокот ќе го отвори  претседателот на ПС на СЕ, Лилијан Мари Паскиер а  поздравно обраќање ќе има првиот заменик-претседател на Националното собрание на Франција, г-ѓа Карол Биро-Бонар, по што пратениците ќе разменат мислења со министерот за европски прашања г-ѓа Амели де Монталин, од министерството за надворешни работи и Европа на Француската Република.

— реклама —

На Постојаниот комитет ќе се разгледуваат извештаите на Мисиите за набљудување на претседателските избори во Северна Македонија и Украина.

— реклама —

Според дневниот ред на состанокот, пратениците ќе дебатираат за евалуацијата на партнерството за демократија во однос на Парламентот на Мароко, загадувањето на воздухот и јавното здравје, одржливиот урбан развој и социјалното вклучување, здравствените потреби на адолесцентите во Европа, образованието и културата: нови партнерства за препознавање на личниот развој и способностите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања