Министерот за здравство Беким Сали очекува во текот на неделава да преминеме во зелена фаза во однос на ризикот од ширење на коронавирусот, но се уште смета дека не е време за симнување на маските. Тој денес извести дека Министерството, Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести се едногласни во ставот дека не треба да се избрзува со укинување на мерката за носење маска.
„Јас повеќе од вас сакам да бидам првиот што ќе најави - од утре сме без маски и сигурно ќе бидам запаметен за таа изјава меѓутоа состојбата се уште не е толку позитивна за ние да можеме да кажеме од денес сме слободни. На една страна се желбите, на друга страна се реалните бројки кои што ги добиваме“, одговори министерот Сали