Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе го повика членството на партијата в понеделник во 12 часот да дојде пред партиското седиште за да го каже своето мислење за кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, претендент за партиски лидер.
Пандов на ФБ напиша:
-Мите Лимунада ги повикал вработените во неговата Кожувчанка во понеделник на протест пред штабот на ВМРО, Христо Татарчев.Штета Мите, пред два дена бев во штабот на ОК Кавадрарци, знаеш и сам колку многу луѓе имаше, требаше да дојдеш да ги споделиш со нас твоите визии и цели околу ВМРО и Македонија. Така носи редот, од дома се почнува Мите! Што е тука е, па еве јас ќе ја искористам таа прилика на твое доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе! Можеш и Вице да ни го донесеш. Ќе ве личи. А башка и на него имаме што да му кажеме. Таман вие после повторно заедно ќе си прославите. Ти текнува? Исто ко кога стана потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.Или Мите можеби најдобро е да излеземе двајцата на дебата на било која телевизија и да поразговараме за ВМРО и Република Македонија? Одважи се, биди маж, та нели лидер на ВМРО сакаш да бидеш, напиша Пандов на ФБ.
