Христијан Мицкоски, не се откажува од барањето за избори. Тој смета дека избори треба да во пролет. Прашан дали е возможно да се одржат тогаш, Мицкоски рече: „Ковачевски не одлучува, туку ДУИ. Али Ахмети е свесен дека нема да биде во подобра позиција од сега. Најсреќни се ДУИ сега. И вториот фактор се парите кои се делат во четири очи“.
„Првиот возможен термин кога треба да се случат тие избори, не би зборел за конкретни дати. Оваа пролет е одличен период за да се одржат тие превремени парламентарни избори. Колку подолго остане оваа влада СДСМ-ДУИ, толку повеќе губи Македонија и толку помалку ќе нѐ има во Македонија“, кажа Мицкоски.
Според него, државата тоне.