Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ќе има ли ново пролонгирање на ратите за кредит?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
paridenari1

Народна банка размислува повторно да ги одложи ратите за кредитите за граѓаните. Се прават анализи во кои се земаат предвид состојбите со пандемијата од Ковид 19 и како таа економски ги погоди граѓаните, но и компаниите, објави 24.mk.

Конечната одлука се очекува да ја донесе Народната банка следната недела, откако деновиве ќе се консултираат и деловните банки. Мораториумот истекува на први октомври, што значи дека доколку не се продолжи оваа мерка, граѓаните кои ги одложија плаќањата на кредитите ќе почнат повторно да ги плаќаат.

— реклама —

„Подготвени сме соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности. Во тек се анализи, врз основа на кои наскоро ќе се заземе став по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните и за стабилноста на банкарскиот систем“, е ставот на НБМ.

— реклама —

И од Банкарската асоцијација велат дека се подготвени да излезат во пресрет на граѓаните доколку е потребно иако засега нема одлука за ново пролонгирање.

— реклама —

Текстот во целост на: 24.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања