СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се обединат и да ја тргнат од власт скопската градоначалничка Данела Арсовска, повика преку социјалната мрежа Фејсбук професорот и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев.
„Ретко искажувам дневно-политички ставови, ама дечки, дај стварно тргнете ја некако Данела, не знам како, иако знам како. Ова е таква брука секојдневно што ја гледаме и барем ова не мора да го трпиме, кога веќе сме одлучиле да трпиме ваков франкенштајнски град. Обесчестен град, град кој скапува и град кој нема никогаш да си го врати својот идентитет, ниту веројатно ќе изгради нов. Стајте или некој со чизми што ќе биде градски хаусмајстор (и со тоа сум дури океј после Данела) или некој што има некаков план (визија е претежок збор за кој било на повидок). Ова со Данела е срам за сите нас. Ете уште една можност, покрај многуте, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се обединат“, напиша Георгиев на својот профил на Фејсбук.