Ќе има ли вода во Скопје, Арсовска бара Обвинителството да реагира веднаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2022-10-24-at-13.50.51

Најавите за штрајк и прекин на водоснабудвањето во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, ги смета за закани. Таа повика Обвинителството да реагира, за како што рече, заканата не се реализира. Според неа, штрајкот кој го најавува „Водовод“ не е за работнички права, туку за политички поени.

— реклама —

„Со оглед на фактот дека изминатите денови се шират шпекулации за наводни проблеми во функционирањето на јавните претпријатија. Ова конкретно се однесува на Водовод и Канализација, за кое информирам наспроти паниката која сакаат да ја креираат неколкумина лица, Градот Скопје има континуирано снабдување со вода. Најавите за штрајк и блокада, би сакала да кажам дека ги охрабрувам своето право на штрајк да го практицираат секогаш кога сметаат дека работничките права се прекршени. А до вработените сакам да апелирам да не дозволат да бидат инструмент на неколкумина поединци кои сакаат да се вплеткуваат во политички пресметки“, кажа Арсовска.

— реклама —

Синдикалните организации треба да ги штитат правата работниците, а не на неработниците, потенцираше скопската градоначалничка.

— реклама —

„Нападите и заканите доаѓаат во момент кога е најавено департизација на Градот Скопје и има најава за оптимизација на работните процеси. Во конкретниот случај, овие лица кои наводно се борат за работничките права на десетина вработени, треба да ја кажат вистината зошто ова што се случува во овој момент, не е нешто што е борба за работнички права. Најавен беше прекин на водоснабдување во Град Скопје. Апелирам до Јавното обвинителство и сите кои што сметаат дека ова е индиција за попречување на работата на јавното претпријатие, да си преземат дејствија за оваа закана да не се реализира“, додаде Арсовска.

Според неа, Водовод е претворено во биро за вработување. Таа додаде дека вработените поради кои ССМ има реакции, и натаму работат во Водовод, за истата плата, но за разлика од порано, според неа, сега имаат обврски и не седат.

„Водовод и Канализација не ги врши своите основни функции а тоа е да гради водоводна структура. Имаме дефицит на технички персонал, а имаме огромна бројка на администрација“, додаде таа.

Во Водовод и Канализација работат над 1.200 вработени. Арсовска смета дека со неа се преместуваат преку бранење на неработнички права.

„Сакам да ги смирам граѓаните и да потенцирам дека градот ќе има непречено снабдување со вода“, додаде Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања