Вицепремиерот Артан Груби во интервју за Косовапрес изјави дека албански премиер во последните 100 дена од владата ќе има бидејќи како што вели за тоа има јавен договор.
„Не верувам дека која било албанска политичка партија, би имала храброст да не гласа за кандидат Албанец прв пат да биде избран за премиер во нашето Собрание со гласови во Собранието. Значи, не гледам посебен предизвик ниту за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и тие се подготвени да гласаат за премиер Албанец во оваа држава, особено во последните 100 дена од оваа влада, секако има уште 60 дена по изборите до изборот на новата влада“, истакна Груби.