Промени тема
Контакт

Ќе можат ли лековите на рецепти наместо болниот, да ги зема друго лице?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
lekovi-apteki

Од денес стапи на сила мерката на Владата за укинување на квотите на лековите во туристичките места во земјата. Од 1 септември се очекува мерката да стапи на сила во цела територија на Северна Македонија. Лековите кои се во позитивната листа ќе бидат пристапни цело време за пациентите и трошоците ќе ги покрие Фондот за здравствено осигурување.

— реклама —

Доколку болниот не е во можност сам да оди во аптека, терапијата во негово име може да земе и друг кој исто така ќе мора да покаже документ за идентификација. Соопштението на Фондот е еден ден по изјавата на министерот Филипче дека дека пациентот на кој му е пропишан лекот, лично ќе оди во аптека да го подигне што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

— реклама —

-Ќе има пратење на лекот, лично доаѓа во аптека оној на кој лекот е пропишан а работиме и на решение за оние кои неможат да дојдат во аптека, изјави Филипче

Филипче,пак, денеска со дообјаснување - објави стаутс на фб  дека начинот на издавање на лекови останува ист како и досега.

— реклама —

- Со укинувањето на квотите во аптеките го надминуваме проблемот со недостаток на лекови. Отсега, лековите ги правиме подостапни за пациентите и изнаоѓаме контролни механизми за да нема злоупотреби.

— реклама —

Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства, пишува Филипче на фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања