Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Ќе остане ли Македонија повторно без датум за старт на преговорите со ЕУ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
znaminja-777x437

Франција засега јавно не го открива ставот, но според документите до кои имал пристап Блумберг, Париз е против било каков датум за формални преговори со Албанија и Македонија, пред ЕУ да го заврши ремонтот на својата „методологија“.

„Блумберг“ наведува дека иако најголем дел од земјите членки го поддржуваат барањето за старт на преговорите, Франција и Холандија посакуваат претходно да има целосен ремонт на процесот на проширување на Унијата. Макрон бара преговорите да бидат “постепени, поконкретни во придобивките за заинтересираните држави“, но и реверзибилни врз основа на постигнатите реформи. Овој документ на 10 октомври, француските дипломати веќе го доставиле до останатите ЕУ членки.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Најновиот нацрт на одлуката, пак, со датум на 11 октомври, кој Блумберг го видел, дава зелено светло официјалните преговори за пристапување да почнат во првата половина на следната година, но според дипломат цитиран од Блумберг, „никој не е среќен“ со текстот.

Амбасадорите на ЕУ денеска ќе се потрудат да посредуваат за компромис пред утрешниот состанок на министрите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања