Според информациите на КОД, тимот во државата стигнал кон крајот на ноември, има два искусни члена за следење на листите за санкции и потенцијалните кандидати за американски црни финансиски листи.
Логистичка поддршка има од амбасадата на САД, а конкретна-теренска од дипломатски претставник за владеење на правото и стучна помош. Тимот е дел од од OFAC односно канцеларија за контрола на странски имот.
Канцеларијата OFAC e дел од американското министерство за финансии и има за цел да го следи спроведувањето на санкциите кои американската администрација ги има воведено кон лица и кон компании. Станува збор за финансиски санкции, забрани за трансакции кон и од лицата ставени на оваа листа, како и забрани за влез во САД или за отварање фирми таму.
Случајот со Мијалков бил интересен поради пресудената конфискација на околу 36 милиони евра имот. Но се проверува и начинот како е стигнато до спогодбата со обвинителството и како апелациониот суд поништи пресуда за корупцијата во случајот Трезор со што на Мијалков му е укината 8-годишна затворска казна.
Целта е да не се дозволи неказнивост на високите функционери. Но според информациите на КОД, проверка на досието Мијалков веќе е завршена. Покрај во предметот Империја, интерес за американските стручни лица веќе неколку години предизвикува и неуспешната конфискација на Трансмет односно случајот Труст.
Новодојдениот тим за санкции по чешлањето на досието Мијалков се префрлил и на актуелен избран функционер на директни избори. Се испитуваат повеќе зделки со државно земјиште во Скопје, земиште купувано шреку фирма на овој долгогодишен функционер и политичар кој во моментот е во владеачката структура.