Ќе поскапи храната за политичарите во Влада, ќе оживее “Македонско село”, крај на луксузирањето со службени возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Vlada-hrana

Од Службата за општини и заеднички работи, во изминативе шест месеци, откако со неа раководи Ивица Томовски, велат дека успеале да преземат бројни активности во насока на надминување на затекната состојба од претходното раководство.

— реклама —

“Уште од првиот ден, Службата се фокусираше на мерки со кои беше неопходно да се надминат многу од затекнатите проблеми и неефикасности, се интензивираше процесот на ревизија и оптимизација генерално во насока на одговорно, отчетно и транспарентно управување со државните ресурси.

За кусо време, СОЗР стави крај на недомаќинското работење, ги оптимизираше трошоците за набавка на пијалоци и апетисани за потребите на државните органи, ги покачи цените на угостителските услуги во владините објекти, со што минато станаа привилегиите за избраните функционери, а во завршна фаза е и постапката за ставање крај на лошите практики за злоупотреба на службените возила, преку изготвување на посебен регистар и унифицирање на службените возила.

— реклама —

СОЗР примени механизам за строга контрола на сите службени трошоци со цел да се намалат непродуктивни патувања, кои биле пракса во минатото, а во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства.

„Големо безредие и тотален хаос наследивме со државниот имот од кој 80 отсто имаше нерешени имотно-правни односи, затекнавме запуштени вили сопственост на државата, заборавени репрезентативни објекти. По извршена анализа на состојбите, конкретни чекори презедовме и во таа насока“, вели Томовски.

Поради недостатоци во проектот во владината Палата АСНОМ, склучен и наследен од претходната власт, СОЗР направи анекс на проектот за реконструкција која е во тек, а се преземаат и мерки за заживување на комплексот „Македонско село“ кое во изминативе пет години е затворено и заборавено поради негрижа. Во моментов се врши и реконструкција на Клуб на пратеници, со цел да са врати функционалноста на објектот и неговиот имиџ.

СОЗР во моментов врши анализи на условите за изградба на втора фаза од Жичницата, од црквата „Св.Јован“ во Капиштец до Средно Водно, како и за доградба на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, објекти кои шест години се во фаза на карабина.

И во наредната година ќе продолжиме со подобрување на системот за управување со цел да овозможиме транспарентност, отчетност и поголема ефикасност во работењето на сите нивоа, со што ќе се подигне нивото на доверба во оваа важна служба и ќе придонесе за понатамошен развој и напредок”, велат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања