„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Ќе повлече ли Катица Јанева „распад“ на целото обвинителство?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katitsa-janeva

На неполн месец пред завршувањето на мандатот на Катица Јанева, а со тоа и на мандатите на сите обвинители во СЈО на кои таа им е надредена, во политичко-правните кругови се отвора дилема како да се разреши главната специјална обвинителка или да биде прекината нејзината функција, а тоа да не повлече „распад“ на целото обвинителство што беше формирано за да ги истражи скандалот со прислушувањето и предметите што произлегоа од него, објави nezavisen.mk.

— реклама —

Јанева втор ден е во притвор за „Рекет“, а оставката што ја најави пред повеќе од еден месец е практично неважечка, затоа што не е доставена ниту во парламентот, ниту во Советот на јавни обвинители. Таа беше избрана за специјална обвинителка со мандат од четири години на 15 септември 2015 година, додека Законот со кој се регулира функционирањето на СЈО е предвидено да важи пет години (до 15 септември 2020 година), но со можност да се продолжува „за еднаш годишно“, со одлука што Собранието би ја донело со двотретинско мнозинство.

По веста што ја слушнал од медиумите дека на специјалната обвинителка ѝ е одреден 30-дневен притвор, претседателот на Советот на јави обвинители Коле Штерјов вчера испратил допис до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и до шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Штерјов побарал официјално да го известат за сите преземени активности и да му овозможат увид во списите од предметот, за евентуално да почне постапка за разрешување на Јанева и за именување нејзин наследник.

— реклама —

Според специјалниот закон за СЈО, на раководителот на ова обвинителство функцијата може да му престане: по сопствено барање; ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата; ако е избран или именуван на друга функција; ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест месеци или на пократка казна затвор или друга кривична санкција за кривично дело кое го прави недостоен за вршење на функцијата јавен обвинител. Законот, исто така, предвидува можност и за разрешување пред истекот на мандатот, за што критериум е незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата.   

Текстот во целост на: nezavisen.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања