Ќе се брише „бугарски“ а ќе остане „фашистички окупатор“, Заев одговараше дали ќе биде член на историската комисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
08042021_PVRSM_Zaev_MF_Besimi_pres-konferencija-1

Премиерот Зоран Заев смета дека не смее да се обвинува цела една нација за фашизмот, мислејќи на бугарската, додавајќи дека како што не смее да се обвинува ниту италијанската, германската. За него, фашистичкиот окупатор ја има поставеноста на структури и групи, односно лидерства во историјата. Од спомениците и учебниците ќе се тргне само „бугарскиот“, но ќе остане „фашистички окупатор“.

— реклама —

„Треба да внимавате кога зборувате дали давате етнички предзнак на фашизмот“, Заев до новинарите.

Бидејќи се меша во историјата, Заев беше прашан дали ќе стане член на историската комисија, на што одговори: „Јас само апелирам да го видите опфатот на историската комисија. Назначувањето или именувањето на фашистичкиот окупатор не е во делокруг на работата на историската комисија. Тие го работат делот на историската комисија, кој каков револуционер бил, за што се борел“.

— реклама —

„Историската комисија работи досега на завршени пет области или пет историски личности и продолжува понатаму да работи на Гоце Делчев. Ние зборуваме за политичкиот дел на одлучувањето кое се однесува на иридентизам, кое се однесува на провокативност и не европски манири. Кога ќе видите во западно-европските земји, фашистичкиот окупатор нема етничка боја, нацонална боја. Затоа, секако на спомениците ќе остане 'фашистички окупатор', целта е да се избрише 'бугарски'. Или ако има други одредени провокации, кои што испраќаат порака кон нацијата а не кон фашизмот во тој период, не може да кажемте дека градите искрено пријателство, добрососедство. Зборувам за спемниците, но и ученибиците. Наше право и обврска е како ќе ги учиме следните генерации да го препознаат фашизмот, да го осудат фашизмот, да си ја учат историјата, а дел од нашата историја е фашистичката окупација“, рече Заев

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања