Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ќе се гради нов објект за гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово, Владата објави колку ќе чини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
gimnazija-kumanovo

Владата на седница донесе одлука гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово да добие нов училиштен објект.

Како што информираа од владината прес-служба, со тоа Владата и Министерството за образование и наука ќе го решат деценискиот проблем на недостаток на соодветен објект за квалитетен воспитно-образовен процес, со кој се соочуваат учениците и вработените во ова средно училиште.

— реклама —

Планирана е изградба на целосно ново училиште кое ќе се изгради за најмногу три години отсега и ќе чини околу 120 милиони денари.

— реклама —

Со Владината одлука се предвидуваат средства во износ од 50 милиони денари во буџетот на МОН за 2023 година и дополнителни 70 милиони денари во 2024 година.

Објектот ќе биде изграден на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, лоцирано во поранешната кумановска касарна.

— реклама —

„Досега, учениците, со години посетуваат настава во адаптирани простории на ЗИК ‘Куманово’, коишто воопшто не ги исполнуваат стандардите за реализација на образовната дејност. Општина Куманово ја завршува процедурата за изработка на архитектонско-урбанистички проект, а по одобрување на истиот ќе почне со изработка на основен проект за изградба на нов училиштен објект“, велат од Владата.

— реклама —

МОН ќе ја спроведе постапката за избор на економски оператор за изградба и надзор над градежните активности.

Дополнително, за оваа општина со измени на програмите за капитални инвестиции на МОН годинава се обезбедуваат и околу 15 милиони денари со кои ќе се реконструира кровот на објектот во кој се лоцирани основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ каде поради дотраеност при неповолни временски услови се попречува наставата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања