Промени тема
Контакт

Ќе се гради нова водоводна мрежа и ќе се реконструира улицата „Лисец“ во Горно Лисиче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryk4n5bo3osioc7IKbkE6

Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“ во населбата Горно Лисиче, во општина Аеродром.

„Со овој проект ќе се изгради целосно нова водоводна инфраструктура, ќе се постави тампонски слој и нов асфалт, со што трајно ќе се подобри водоснабдувањето и сообраќајната инфраструктура за жителите од овој дел на градот.

— реклама —

Проектот е реализиран во соработка со општина Аеродром и ЈП „Водовод и канализација“, а неговата цел е решавање на долгогодишните инфраструктурни проблеми со кои се соочуваа жителите на улицата.

— реклама —

Со реконструкцијата на улицата „Лисец“ значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните, како и условите за сите учесници во сообраќајот кои секојдневно ја користат оваа сообраќајница.

— реклама —

Надлежните најавуваат дека инвестициите во инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период, со реализација на повеќе капитални проекти во различни делови од градот“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања