Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ќе се набавува нов дијагностички ултразвук за тироида и вратна регија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC09664-2

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на потпишувањето договор за грант меѓу Амбасадата на Јапонија и Медицинскиот факултет за набавка на нов дијагностички ултразвук за тироида и вратна регија.

Станува збор за грант во вредност од 23.165 евра, а новиот апарат апарат ќе се набави преку „Јапонската грант програма за мали проекти (GGP)“.  Со обезбедувањето нов дијагностички ултразвук за тироида и вратна регија, значително ќе се унапредат условите за третман на пациенти со заболувања на тироидата, а воедно ќе се зајакнат капацитетите за дијагностика на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина.

— реклама —

- Овој апарат е од непроценливо значење и ќе го намали времето на чекање за цитодијагностички пункции, а со тоа ќе ја направи методата подостапна, истовремено подобрувајќи ја дијагностиката на тироидните заболувања. Сакам да се заблагодарам на јапонската амбсада за разбирањето, ангажманот и великодушноста која ја покажаа во оваа и во многу други прилики претходно. Се надевам и во иднина интензивната соработка ќе продолжи со несмален интензитет со цел да се подобри здравствениот систем и истиот да стане подостапен и поквалитетен, а сето тоа за добробитот и благосостојбата на нашите пацинти, на сите граѓани на Република Северна Македонија, посочи министерот.

— реклама —

Амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. Кеико Ханеда, потенцираше дека соработката на Јапонија во областа на медицината има долга успешна историја и ќе продолжи да се зајакнува и во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања