Вечерашните извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 честичките покажаа дека воздухот во Скопје е многу загаден.
Според апликацијата на Министерството за животна средина во Лисиче измерени се 146 µg/m3.
Во Центар измерени се 109мг/м3 од ПМ10 честичките, во Бутел 111 µg/m3, а во населбата 11 Октомври 103µg/m3.
На останатите локации во Скопје, мерните станици покажуваат дека конвентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот е над 50µg/m3.
Но многу загаден воздух покажуваат и мерните станици низ целата територија на Македонија.
Вечерва најзагадено е во Кавадарци каде концентрацијата на ПМ 10 изнесува 227 µg/m3, потоа следи Тетово со 147 µg/m3, Куманово со 132 µg/m3, Гостивар со 124 µg/m3 и Миладиновци со 117 µg/m3
