Промени тема
Контакт

Ќе се продолжи рокот за аплицирање за субвенции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zemjodelstvo

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека до Владата на Република Северна Македонија доставено е барање за измена на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството, со што ќе се продолжи рокот за аплицирање за субвенции до 30 јуни. Бидејќи сите институции дадоа позитивно мислење, очекуваме измената да биде усвоена на следната владина седница.

Интересот кај земјоделците за аплицирање за субвенции е голем, особено кај сточарите кои побараа продолжување на рокот. Министерството секогаш излегува во пресрет на барањата на земјоделците. Измената на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството е токму во нивни интерес, со цел да можат да ги поднесат своите апликации во рамките на новиот рок кој предлагаме да биде продолжен до 30. јуни.

— реклама —
— реклама —

На овој начин ќе им помогнеме на сите земјоделци кои не успеале да аплицираат согласно законскиот рок кој истекува на 31. мај да добијат дополнително време од плус еден месец, период во кој ќе можат да ги подготват апликациите и навремено да аплицираат со цел да ја добијат финансиската поддршка која им ја дава државата.

— реклама —

Очекуваме измената да биде усвоена, во интерес на земјоделците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања