Ќе се проверува што правел Чулев во МВР, поради деградирањата и смените на полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev

Техничкиот премиер во актуелната Влада, предложен повторно за министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, давајќи отчет за деветмесечно работење на техничката Влада, најави преиспитување на работата на Наќе Чулев, кој беше технички министер за внатрешни работи. Одговарајќи на новинарско прашање за смени и деградирања на полицајци, Спасовски рече дека решенија ќе ги носи преку дијалог.

— реклама —

„Не требаше да се случуваат ако сакаме полиција како што сакаме да имаме. Од моментот кога Парламентот ќе ја изгласа владата ќе видам што е направено во овие 9 месеци. Како што водев дијалог и претходно, ќе седнеме и со вработените и синдикатите на разговори. Врвен приоритет е професионална полиција, полиција која ќе служи на граѓаните“, рече техничкиот премиер Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања