Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Ќе се реконструираат сите улици во Пржино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
279187352_530706392015988_8861413350058916988_n

Започнуваме со реконструкција на СИТЕ улици во Пржино! Денес потпишавме Договор со изведувачите ДПГТТУ „Филип Инженеринг“ и ДЗЗГ ,,Изолација”, со што следната недела започнува капиталниот проект за реконструкција на сите улици во населбата Пржино, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

„Се работи за Договор во износ од околу 14 милиони денари кои општина Кисела Вода ги обезбеди од Светска Банка, преку проектот МСИП2 овозможен преку Министерството за финансии.

Овој проект за целосна реконструкција на сите улици им го ветив на жителите на Пржино.

— реклама —

Се работи за површина од преку 12 000 квадратни метри кои ќе бидат опфатени со градежни зафати за подобри и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот.

Ова има уште поголемо значење ако се земе предвид дека во своето секојдневие, овие улици ги користи преку 30 проценти од населението од општина Кисела Вода.

Дополнително, ќе се подобри и естетиката на просторот, бидејќи се работи за улици на кои со децении не се вршени никакви градежни интервенции и се во многу лоша состојба.

Сакам да се заблагодарам на поддршката на Светска Банка која, преку проектот МСИП2 овозможен преку Министерството за финансии, одговори позитивно на нашите барања и овозможи да им обезбедиме на нашите жители достојни и пристојни услови какви што заслужуват.

Како што најавив, низ улиците на општина Кисела Вода започнува вистински градежен бум и за многу кусо време граѓаните ќе ги почувствуваат ефектот во подобрување на квалитетот на живеење.

Во наредните неколку месеци интензивно ќе се работи на рехабилитација на коловозот и тротоарите на улиците „Пандо Кљашев“, „Караџица“, „Кара Трифун“, „Малина Поп Иванова“, „Пеју Јаворов“, „Пржино“ со краци, „Стрмешево“, „Зеленгора“, „Кочанска“ и „Полог“.

Паралелно, градежни активности за подобрување на инфраструктурата ќе течат во сите останати месни и урбани заедници, што ќе обезбеди рамномерен регионален развој и поквалитетни услови за живот за сите жители на општина Кисела Вода“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања