На директорката на Клиничката болница во Битола ѝ е наложено да обезбеди адекаватна просторија за починати пациенти или да ја прошири моргата која ќе одговори на потребите, рече директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова по инспекцискиот надзор што го изврши откако во медиумите беше споделено видео дека во иста просторија во тријажниот центар пациенти примаат инфуција, а до нив се оставени починати лица, објави mkd.mk.
Сотирова Бухова вели дека веќе се поставени и паравани и се задоволени потребните критериуми за почитување на правата за приватност на пациентите, а изречено е решение за санирање на санитарниот јазол што со претходно решение бил забранет за употреба.
ДСЗИ досега иницирал 21 вонреден инспекциски надзори, а во тек се девет.
Вонредниот надзор на ДСЗИ во Килиничката болница во Битола ги опфати и санитарно хигиенските услови, а по реакците за состојбата на санитарен јазол. ДСЗИ, појасни Бухова, уште минатата година има издадено решение за забрана за употреба на тој санитарен јазол, а со решение е наложена негова реконструкција.
Текстот во целост на:mkd.mk.