Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ќе се вработуваат 400 пожарникари, во тек е оглас – пренаменети и стари армиски и полициски возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Pozarnikari

Додека пожари веќе создаваат сериозни проблеми, институциите дури сега објавуваат оглас за вработување на 400 пожарникари. Паралелно, се работи на пренамена на стари армиски и полициски возила кои треба да помогнат во справувањето со огнените стихии.

— реклама —

„Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски ‘БТР 80’, ‘Хермелини’ и ‘Пинцгауери’ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна ‘коњажа’, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ на Сител телевизија.

— реклама —

Тој нагласи дека трансформацијата на возилата не ја чинела државата ништо.

— реклама —

„Оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинеше државата ништо, туку тоа беше направено од општествено одговорни компании. Ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека се заштедени неколку десетици милиони евра од буџетот“, рече Мицкоски.

Во изјава, Мицкоски посочи дека процесот на вработување на пожарникари дури сега започнува.

„Отпочнат е огласот за вработување на 400 нови пожарникари. Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени да влезат во овој процес. Оваа единица, армиските хеликоптери и хеликоптерите на полицијата, а на тоа додадени и Ер тракторите, еден е вратен од сервис, другиот се враќа оваа недела, а третиот до крај на јули, ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари да ги совладаме“, истакна премиерот.

Според него, направените чекори треба да овозможат поголема подготвеност во справувањето со пожари, при што, како што рече, „за разлика од минатото, државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања