Ќе се заострат ли повторно мерките, комисијата за заразни болести размислува за враќање на полицискиот час?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
skopje-8

Поради раст на бројот на ново заразени со корона вирусот во проширен состав заседаваше Комисијата за заразни болести. Информациите се дека присуствувале претставници на МВР, директори на здравствени центри, епидемиолози и други лица и институции за кои се смета дека можат да придонесат во борбата против вирусот. Според информациите на Алсат, се предлагаат заострување на мерките. Инсистиравме за изјава, но дел од членовите на постојаната Комисија за заразни болести ни соопштија дека конечна одлука денеска ќе нема, објави Алсат.

— реклама —

На состанокот кој е зад затворени врати, освен враќањето на полицискиот час ќе се разговара и за можно карантинско затворање на одредени региони во земјава. Како една од точките е и повторно затворање на угостителските објекти, а ќе се разговара и за други ригорозни мерки кои се најавува да стапат уште следниов викенд.

Текстот во целост на: Алсат.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања