Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ќе се згрижат 30 бездомни семејства затекнати на локација под Кале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
bezdomnici

Министрите ја прифатија информацијата за интервентно згрижување на бездомни лица затекнати на локација под Кале во објекти на установи за социјална заштита. Притоа Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, во периодот до март годинава, да обезбеди сместување на затекнатите лица под Кале во објекти што ги користи ЈУ За згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Станува збор за 30 семејства, односно 99 лица. Од нив, само 9 семејства поседуваат некакво живеалиште, додека останатите се евидентирани како бездомни лица. Сместувањето на бездомните лица е во согласност и со препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата на воздухот, бидејќи на овој начин овие лица нема да палат несоодветни материјали за греење и дополнително да го загадуваат воздухот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања