„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Ќерка ми не ја зеде болеста, туку погрешната терапија, а ја лекуваше Нино Васев“ – сведочење на мајката на Адријана Начевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
nino-vasev

На рочиштето за „Онкологија“ денеска сведочеше Јулија Мациевска, мајката на младата Адријана Начевска, која почина пред три години по лекување на скопската Онколошка клиника. Таа, повикана како прв сведок во процесот за „Онкологија“, низ солзи ја опиша борбата на својата ќерка и обвини дека токму несоодветната терапија ја довела до смрт.

— реклама —

„Во докторот Нино гледавме спас, верувавме како во Господ. Но наместо лекување, добивме тивко убиство,“ рече таа пред судот.

Мациевска сведочеше дека лекарот Нино Васев ја убедил Адријана да продолжи со терапијата. По првите дози, состојбата на младата девојка нагло се влошила – покачена температура, повраќање, крварење и оток на стомакот. „Секој пат му кажував дека не и е добро.

— реклама —

„Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми вика дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете. Таа не е добро. Црниот дроб е оштетен. Има вештачки метастази од неадекватна терапија. Ќе си го прашате вашиот онколог. Тие се добиваат од несоодветна терапија,“ изјави мајката, истакнувајќи дека по ова упатување повторно биле вратени кај докторот Васев.

Во своето сведочење таа зборуваше и за последните денови на ќерката, кога, како што рече, литри вода биле вадени од нејзиното тело, додека таа трпела неподносливи болки. „Адријана ми велеше: ‘На градите немам ништо, мајко, проблемот е стомакот.’ Но терапиите не застануваа.“

Мациевска порача дека нема намера да бара лична корист, туку правда.

„Се приклучувам и кон кривичниот прогон, затоа што знаел што прави, но некаде по пат ја изгубил човечноста“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања