Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Коментари
Screenshot-2025-07-20-at-10.22.39

Сашенка Тодоровска, ќерката на македонскиот актер и доајен на театарската сцена Гоце Тодоровски, со емотивна, но остро-критична објава на социјалните мрежи проговори за неправдата што, како што вели, системот ја направил кон нејзиниот татко – човек кој половина век ѝ го посветил на културата и јавната сцена.

— реклама —

„Легендо моја и на целиот македонски народ…“, започнува Тодоровска, споделувајќи фотографија од раните почетоци на кариерата на Тодоровски, со горчина што неговото животно дело останало без соодветна институционална чест.

„Национална пензија не ти дадоа, само признанија и наградички – колекционер на хартија стана“, напиша таа, алудирајќи на долгогодишната традиција на доделување на награди, но и на отсуството на реална поддршка и грижа за културните работници кои го обележале времето.

— реклама —

Според неа, Гоце Тодоровски, кој е еден од ретките живи членови на некогашната „Златна плејада“, денес преживува од пензија од едвај 36.000 денари, без признание од државата во форма на национална пензија.

„Зарем зависи сечија судбина од тоа кој е на власт? Кој е во комисија? Срамота е – болката негова ме боли и мене. Те делев цел живот со целиот народ, и се уште се даваш иако здравствено си парче“, стои во нејзиниот статус.

Тодоровска ја повикува јавноста да не живее во заблуда, потсетувајќи дека вистинските вредности одамна се маргинализирани: „Сè што е квалитетно – веќе нема вредност.“

Нејзината реакција доаѓа во време кога државните културни институции се под зголемен притисок за ревизија на критериумите според кои се доделуваат националните пензии, додека бројни уметници кои го изградиле културниот идентитет на земјата остануваат на маргините на социјалната сигурност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања