„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ќерката на Митко Чавков: Притворот за татко ми се темелеше на салфетка од кафана, не умирам дур не ве видам во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
cavkov-kerka

Зорица Чавкова-Пинтарич, ќерка на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој е осуден во случајот „27 април“, остро реагираше за начинот на кој, според неа, бил одреден притворот за нејзиниот татко по барање на обвинителката Вилма Русковска пред шест години.

— реклама —

Таа тврди дека притворот бил побаран и одреден врз основа на „службена белешка напишана на салфетка од разузнавач во кафана“, со измислени информации дека Чавков поседува имот во Грција и планира бегство.

„…шкембар со значка се досетил седејќи во кафана…ај ќе напишам на салфетка една службена белешка, демек Чавков планира бегство, ќе измислам дека има имот во Халкиди, во вилата таму ќе се криел. Ќе ја доставам салфетката кај Русковска, ќе избројам до три и Чавков оди во ефективен притвор! Какви фингиравки, какви монструми, каква банана држава! Не умирам дур не ве видам во затвор за салфетката, за срамниот предлог за притвор и за судската одлука донесена врз основа на таков ‘доказ’“, напиша Чавкова-Пинтарич.

— реклама —

Таа додаде дека семејството доставило докази до судот дека нејзиниот татко не поседува имот во Грција, но дека, и покрај тоа, судот ја прифатил проценката за опасност од бегство. „Во здрава држава, вакви постапки немаше да се случат, ниту пак вакви луѓе ќе беа дел од правосудството,“ наведе Чавкова-Пинтарич.

Според неа, случајот претставува „монструозен чин на киднапирање на господин човек, интелектуалец и угледен човек кој падна во крвави раце“. Таа порача дека семејството ќе продолжи со борбата за, како што рече, „разоткривање на криминалната мрежа“ и најави дека нема да се откажат дури и по изминување на 18 години од изрекувањето на пресудата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања