Клековски: Со намалувањето на функционерските плати за 80%, платите на министрите би биле 23.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Коментари
Saso-Klekovski-696x583-1

Откако директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, објави дека јавната дебата за минималната плата од 600 евра во Македонија се води со погрешни споредби и „мешање на баби и жаби“, тој се огласи со нова објава на социјалните мрежи овој пат посветена на платите на функционерите.

— реклама —

„Функционерски плати - колкави се?

— реклама —

Деновиве покрај расправата за минимална плата, се предлага доколку не се зголеми минималната плата, да се намалат функционерските плати за 80%.

— реклама —

Овој предлог за разлика од тој за минимална плата е поддржан со пола уста, а и самиот предлагач не кажува колку всушност се платите и на колку ќе се намалат?

Дали знаете колку се функционерските плати во Македонија? Според службените јавни податоци (февруари 2026)

Премиер → нето 140.450 денари (~2.280 €)

Министри, директори вкл. ФЗО → нето 115.540 денари (~1.880 €)

Пратеници → околу нето 110.000–130.000 денари (со додатоци)

Платата на Премиерот е најниска во регионот со таа во Албанија, а по паритет на куповна моќ (ПКМ) е слична на платата на премиерите во Албанија, Србија и Црна Гора.

Платата на Премиерот

3х просечната плата ~746 €

5.7х минималната плата ~397 €

И тој сооднос е најнизок и споредлив повторно со Албанија, Србија... Функционерските плати и во номинална и во куповна моќ, и во сооднос спрема просечна и минимална плата е во рангот на најниските заедно со Албанија и Србија.

Со Барањето на намалување на функционерските плати за 80%, платите на министрите би биле → околу 23.000 денари (~370 €) или под сегашната минимална плата.

Дали предлагачот ќе предложи кратење и на нивните плати на ова ниво?“, вели Клековски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања