„Клеопатра“ на 14 и 17 ноември во МОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет, кој има одличен прием кај нашата публика и ќе биде изведен на 14 и 17 ноември со почеток во 20 часот.

— реклама —

За „Клеопатра“ специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.

— реклама —

Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили (Грузија) - Цезар, Бобан Ковачевски - Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска -Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска - Змија. Солисти, балетскиот ансамбл, оркестарот и хорот на МОБ.  Диригент е Бисера Чадловска.

— реклама —

Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања