Клинчарова за обид за провала во центарот на Скопје: „20 минути чекав полиција, а итноста се губеше во процедури“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Коментари
media-library7k6kaon13ofu9jW5wwX

Новинарката Вики Клинчарова сподели сведоштво за обид за провала во нејзиниот стан во централното подрачје на Скопје, во раните утрински часови, кога нејзината ќерка била сама дома.

Според нејзината објава, во 02:09 часот ќерката ѝ се јавила и со шепотење ѝ кажала дека на влезната врата се слушаат звуци и дека некој се обидува да влезе во станот. Клинчарова веднаш се јавила на бројот за итни случаи 112, давајќи точна адреса и објаснување дека станува збор за итна ситуација. Наместо итна интервенција, како што наведува, следеле низа прашања и повторувања на административни податоци – адреса, имиња, телефонски броеви и дополнителни детали.

„Случка од синоќа, односно од раните утрински часови... Ќерка ми беше сама дома, а станот ни е на високо приземје, во централно подрачје во Скопје. Во 02.09 минути ми се јавува и со шепотење ми кажува дека на влезната врата се слушаат звуци и очигледно дека некој се обидува да провали внатре. Го земам другиот телефон, и ѕвонам на месенџер за да бидеме постојано на линија, во исто време ѕвонам на бројот за итни случаи 112. Се јавува операторот, му давам точна адреса, му кажувам што се случува, дека е итно и веднаш да прати полиција, ама... првин административни процедури! Не знам колку пати му ја кажав адресата, па име мое, па мој број, па име на ќерка ми, па нејзин број, па пак адреса, па од каде бил влезот, па каде поточно била зградата... При крај на трпение му се развикав веднаш да прати полиција на адресата оти е преитно, а после да ме бара и да растегаме администрација... Повикот траеше една минута и 47 секунди!

— реклама —

Во 02.13 ми ѕвони пак, пратил полиција, па да завршиме со административни детали... Ни сама не знам веќе што и како му кажав во тие моменти на избезуменост...

— реклама —

Во меѓувреме, тропањето продолжува, јас ги бројам секундите и чекам полицијата да ми јави дека пристигнала на местото. Ако некој се нашол во таква беспомошна ситуација, знае какво е чувството. Тропањето си трае, минутите – години...

— реклама —

Во еден момент, куче започнува силно да лае. Упорно, страшно лаење се слуша пред влезната врата, мислиш дека ќе раскине човек. И тропањето престанува, најверојатно ,,провалникот во обид” се исплаши и побегна...

Во 02.30, значи точно по 20 минути од пријава ми ѕвонат од полиција, стигнале, бараат број од ќерка ми. Дваесет минути пат, не до населба надвор од градот, туку во срцето на Скопје, кога нема сообраќаен метеж...

Пет-шест полицајци, професионални, претрес во цела зграда, во подруми, околу зграда, останаа цела ноќ да патролираат, ветија патроли и во нареден период.

Е сега, по овој настан, кога јас би била одлучувачки фактор во земјава, што би направила?

-Прво, под итно обука на вработените во 112, оти број за итни случаи значи итност од која зависат животи, административните растегања можат да чекаат! Тој кој им правел правилници на вработените, никогаш пенкало да не земе во рака и да си бара работа според интелектуален капацитет.

-Враќање на маалски полицајци во цела земја! Нема место за изговор дека нема доволно кадар, се полни сега буџет со глоби од несовесни возачи, може да си дозволи државата нови вработувања.

-Белото огромно куче- херој, кое и откако дошле полицајците се уште стоело пред влезна врата некое време, ако го најдам, ќе си го земам. Каде три, таму и четири кучиња можам да чувам.

-Еден закон, сите станари, без оглед дали е зграда или куќа, редовно да ги хранат маалските кучиња и да се грижат за нивна благосостојба. Таква е нивната природа, да бидат покрај луѓе, да чуваат. Нахранети кучиња кои никој не ги малтретира и задева, многу ретко се случило да нападнат. Едно парче леб да им дадете, тие знаат и памтат. Ете, и куче од улица знае кога нешто не е во ред и реагира.

Што повеќе да кажам... Ми се враќа во мислите една реченица, која своевремено една естрадна менаџерка од Србија знаеше да ми ја каже: Клинчарова, код вас никад ништа нормално...“, стои во објавата.

media-library9lqgvik5s4jpftWnArr

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања