Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Клиниката за неврологија изготви „Водич за справување со невролошки заболувања во услови на COVID-19 пандемија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
korona6

— реклама —
Универзитетската клиника за неврологија изготви Водич за справување со невролошки заболувања во услови на Ковид-19 пандемија, кој содржи стручни препораки и насоки во однос на следење на одложени имунолошки посредувани компликации, невропсихолошки последици, и евентуално одложен развој на невродегенеративни заболувања кај заболените со Ковид-19. Препораките се направени врз основа на досегашните искуства и известувања од повеќе медицински центри, стручни асоцијации на невролози и мислења од експерти, а во согласност со иницијативaта на Европската академија за неврологија (EAN).

— реклама —
Водичот  содржи посебни поглавја во однос на невролошките заболувања и ковид-19, како и генерални препораки за имуносупресивна/имуномодулаторна терапија кај пациенти со невролошки заболувања, како што се пациенти со мултипла склероза, миастенија гравис, невромускулни заболувања и неинфламаторни заболувања на централниот нервен систем.

— реклама —

- Со растечкиот број заболени од COVID-19, се објавуваат и сознанија за директно и индиректно инволвирање на нервниот систем. Со оглед на фактот дека ACE-2 (angiotensin converting enzyme-2), рецепторот за SARS CoV-2 е присутен во мозокот, јасно е дека вирусот може да ги инфицира невроните и да предизвика директни и индиректни невролошки компликации. Од друга страна, пациентите со некои невролошки заболувања и терапијата која ја примаат за третман, спаѓаат во групата лица со зголемен ризик за развој на компликации од COVID19. Сознанијата за COVID-19 секојдневно се збогатуваат и менуваат, што значи дека ставот за третман, постапување и процена на ризик кај пациенти со невролошки заболувања во услови на COVID-19 пандемија не е дефинитивен. Се наоѓаме на турбулентен терен со постојани динамични промени кои бараат следење и збогатување на знаењата и токму тоа е основната идеја за изработка на овој краток водич, кој треба да биде рамка во која неврологот со своето знаење и искуство ќе направи процена и ќе донесе одлуки за третман запазувајќи го индивидуализираниот пристап кон секој пациент, се посочува во воведот на овој водич.

— реклама —

Во прилог може да го погледнете „Водичот за справување со невролошки заболувања во услови на COVID-19 пандемија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања