Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Клубот на Млади Лекари:Осуда за колешката и повик до Министетството да превземе сериозни мерки и протоколи !!!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Klub-mladi-lekari

ФБ статус на Клубот на Млади Лекари:

-Осуда за колешката и повик до Министетството да превземе сериозни мерки и протоколи !!!

— реклама —

Очекувавме дека како медицински кадар посветен на здравјто и на првите борбени линии и во најкризните состојби, ќе бидеме меѓу првите заболени со COVID-19 вирусот. Но не очекувавме дека токму некој од фелата, ќе биде лош пример за непрофесионалност.

Клубот на младите лекари ја осудува постапката на директорката на Клиниката за кожни заболувања, која што со своето несовесно и неодговорно однесување ги загрози животите на граѓаните и колегите.

— реклама —

Иако Клубот смета дека мерките на Министерството за Здравство во пракса се прокламативни и само протоколарни и бараат ревизија, апелираме секој од нас во еснафот да постапува според етичкиот кодекс и медицината базирана на докази.

Очекуваме лекарите да покажат врвна етика и професионалност и да бидат пример за граѓаните.

Од Министерството за здравство не сме добиле јасни и прецизни насоки, додека заштитната опрема и сапунот се со поминат рок. Системот е нефункционален, но време е за организација и правилни постапки.

— реклама —

Клубот на Млади Лекари ги нуди сите расположливи ресурси на Министерството за Здравство за надминување на состојбата и зачувување на здравјето на граѓаните.

Ги повикуваме надлежните во Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, да постават јасни и прецизни протоколи за постапување во случај на контакт на персоналот со заразено лице, се вели во статусот на Клубот на Млади Лекари.

— реклама —

https://www.facebook.com/klubmladilekari/posts/2529664570604975

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања