„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Клучот од МВР кај Тошковски и Бојмацалиев - ги чекаат врзани потписи, а судирот на интереси ќе донесе блокади

објавено пред 1 година -

Македонија
pance-bojmacaliev-mitko-1

На местото на Оливер Спасовски седна Панче Тошковски, во најверојатно најодговорната и најтешка фотелја на техничката Влада, Министерството за внатрешни работи. Панче Тошковски, правник по образование, адвокат по занимање во биографијата навел дека поседува вештини за тимска работа, управување со стрес и време, комуникациски вештини, трудољубивост и упорност. Сите овие вештини ќе му бидат неопходни за најодговорната работа, организирање фер и демократски претседателски и парламентарни избори.

— реклама —

Но, техничкиот министер нема одврзани раце да ја спроведе самостојно својата политика. Тошковски ќе може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во Министерството. Доколку постави нови раководители, тој има должност на предлог на дополнителниот заменик-министер, Митко Бојмацалиев да именува и нивни заменици.

Тие двајца ќе имаат врзани потписи, односно доколку некој акт е потпишан само од едното лице, тој нема да биде важечки.

— реклама —

Министерот има право да ангажира лица за потребите на својот кабинет, а му се овозможува да врши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10% од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во последните две години. Право на советници има и дополнителниот заменик министер.

За да се оневозможи евентуална блокада на работата поради врзаните потписи, министерот и дополнителниот заменик министер се должни веднаш, а најдоцна во рок од еден ден да го одобрат или одбијат актот. Ако актот или документот е потпишан само од едното лице, се смета дека не произведува правно дејство.

Во случај на несогласување меѓу нив околу одредено правно, финансиско или кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, спорот во рок од 24 часа е должна да го реши Државната изборна комисија и таа одлука е конечна.

Главните критики на техничката влада за спроведување избори се дека до денот на гласање се блокираат државните институции, целиот фокус е ставен на политичкиот натпревар меѓу партиите, и несогласувањата меѓу министрите и дополнителнителните министри. Како ќе функционира МВР со Тошковски и Бојмацалиев ќе се покаже во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања