Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Книга за гробиштата“ на македонски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
grobista-610x400

Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави една од најпопуларните книги за млади од жанрот фантастика – „Книга за гробиштата“ од прочуениот британски автор Нил Гејман, познат во светот по големите бестселери „Коралина“, „Ѕвезден прав“, „Океан на крајот од патот“, „Американски богови“, како и по многуте филмски и телевизиски адаптации на неговите дела.

— реклама —

— реклама —

„Книга за гробиштата“ е најуспешното дело на Гејман, кое во иста година му ги донесе најпрестижните награди во САД и Велика Британија – „Хуго“, „Њубери“, „Локус“ и „Карнеги“ – како потврда за големото мајсторство на Гејман и неверојатната умешност како раскажувач со исклучително богата имагинација.

— реклама —

Книгата e волшебна приказна за љубовта и пријателството. Ник Овенс е обично момче кое живее на необично место – на старите градски гробишта.Таму е воспитуван и образуван од духови, под старателство на едно суштество кое не е дел ниту  од светот на живите ниту од  светот на мртвите. Истовремено трагична, страшна, но и топла приказна чија тема за заедништвото и семејството ги обединува сите, без разлика на кој свет му припаѓаат. Со моќна порака и незаборавни ликови, ова е книга во која уживаат и помладите и повозрасните читатели кои веруваат во подобар свет и повозвишени идеали.

— реклама —

Книгата е дел од едицијата „Калеидоскоп“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања