Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Коалицијата Ковачевски - Арсовска го ограбува народот преку тендери, а го труе со загаден воздух, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
zagaduvanje

Коалицијата Ковачевски - Арсовска го ограбува народот преку тендери, а го труе со загаден воздух, итни мерки за намалување на загадувањето, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„СДС и Арсовска само си ја префрлаат топката во врска со мерките кои треба да се преземат, но ништо конкретно нема.

Плод на соработката Ковачевски Арсовска е директорот на ЈСП Александар Стојковски, кадар на СДС, кој го потпиша договорот за набавка на гориво 27 милиони евра без вообичаениот рабат, со што е оштетено претпријатието за 1.5 милиони евра.

— реклама —

Доколку имаше рабат, ќе имаше 1.5 милиони евра повеќе во касата на ЈСП, пари доволни за да се покрие долгот кон приватните превозници, кои не сообраќаат веќе, и има помалку автобуси на улиците низ Скопје во ек на најголема загаденост во Скопје.

— реклама —

Како што договориле Ковачевски и Арсовска, да постават директор на ЈСП, или како што договараат матни зделки, така нека договорат и реални и ефективни мерки.

Не може плод на нивната соработка да бидат бизнисите, а скопјани да се гушат, зошто тие немаат интерес во решавање ма тој проблем.

— реклама —

20 милијарди евра низ буџети се потрошени, во изминативе 7 години, а ниту едно евро за почист воздух, затоа потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина на државата и народот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања