Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Коалицијата Ковачевски и Арсовска да се извинат што ги навредија приватните превозници нарекувајќи ги „багра“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2022-11-21-at-16.03.19

Во отсуство на Данела Арсовска нејзиниот заменик ги почести приватните превозници во градот Скопје со сочни навреди. Ова е лицето на Тачела коалицијата во која припаѓа и заменикот на Данела, Александар Трајановски. Имено Трајановски приватните превозници ги нарече „багра“, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ова е крајно срамно и недоличен речник за еден функционер во Скопје. Да се навредуваат луѓе кои вредно работат и со чесен труд ги прехрануваат своите семејства е под секое ниво. Ако вака комуницираат со Данела Арсовска и се нарекуваат со погрдни зборови, не значи дека нивниот коалициски речник доликува да биде јавно искажан во Советот. Но речникот на секој човек, па и на заменикот на Данела е израз на неговата домашна култура и воспитание. Тој е должен за овие навреди кон превозниците и рушењето на дигнитетот на градот, јавно да се извини. Данела Арсовска исто така треба да се дистанцира од изјавата на својот заменик, а Ковачевски како патрон на оваа коалиција да ја осуди, бидејќи во спротивно ќе значи дека стојат зад ваквите квалификации и ваквиот речник.

— реклама —

Арсовска и нејзиниот заменик Трајановски се должни да поднесат информација за состојбите во јавниот превоз, за состојбите во ЈСП и долговите кон приватните превозници. Сега освен нивната неспособност, јавноста е сведок и на дрскоста на Тачела Коалицијата“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања