Ве повикуваме со ваше присуство да го поддржите Македонскиот марш против наметнатата двојазичост“, организиран од страна на коалицијата “Мкомитет“, се вели во повикот за поддршка на “Македонскиот марш против наметнатата двојазичост“. Организаторот на повикот во соопштението испратено до медиумите уште пишува:
И покрај препораките на Венецијанската комисија и утврдувањето на експертите дека законот за двојазичност во Република Македонија ги зголемува јазичните бариери наместо да ги намали и фактот дека се работи за политички ПРОТИВУСТАВЕН договор на политичките елити во функција на владеење на истите, истиот секојдневно на сила му се наметнува на македонскиот народ. Сите вие кои што сте свесни дека овој закон е ПРОТИВУСТАВЕН и против сите стандарди на меѓународното право и води кон уништување на македонскиот народ и македонската нација, ве повикуваме да го искажете својот револт и да ни се придружите на овој марш. Маршот ќе се одржи на 1ви Март 2020 година од 18:30 часот, а местото на збир е Ману – Македонската Академија на Науки и Уметности во Скопје, се вели во повикот од МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ ЕРА ТРЕТ.
фото: Kurir.mk